Monday, May 4, 2015

Видови компјутери

Видои компјутери

Според брзината и моќноста компјутерите можат да се поделат во следниве групи:
1.Супер компјутери,2.Големи компјутери,3.Мини компјутери,4.Микро компутери.



1.Супер компјутери
Се користат во големи научно истражувачки институти и посебни државни и воени служби 
каде е потребна супербрза обработка на огромен број податоци или сложени математички пресметки. 
Најчесто се користат за истражувања поврзани со нуклеарна енергија, сончевиот систем, 
временска прогноза, истажувања поврзани со барање и искористување на нафтата и т.н.

2.Големи компјутери

Големи, моќни компјутери, наменети да управуваат со повеќе компјутери. Имаат голема моќност и меморија
Се појавиле во 60-тите години. Се користат во: истражувачки институции, банки, осигурителни компании, 
универзитети, метеоролошки заводи и други организации на кои им се потребни моќни компјутери.


Мини компјутери
Терминот Миникомпјутери веќе не се користи, а се работи за компјутри со 
поголема моќност од микрокомпјутерите.

Се користеле како поединечни компјутери на кои биле поврзани работни станици

и други уреди. Во поново време од овие компјутери се развиле т.н. средно големи сервери.

Микро компјутери
Микрокомпјутерите или персоналните компјутери денес се најкористени. Тие се 
наменети за работа на едно лице, а ги имаскоро во секое домаќинство. Се користат 
на работа, во училиштата, домовите и т.н.
Тука спаѓаат десктоп компјутерите, лаптоп или ноутбук компјутерите и т.н.


No comments:

Post a Comment